Нашата мисија е да ви овозможиме високо квалитетна програма на вежби за тело во позитивна и релаксирана атмосфера со цел да го подобрите своето здравје и здравјето на вашето тело кое претставува основа за здрав дух и долг живот.

МИСИЈА

Корективна Гимнастика Позитива нуди внимателно дизајнирана и индивидулна програма од вежби, прилагодени на возраста, способностите и потребите на лицата. Овие специјализирани вежби ја подобруваат силата, ја зголемуваат енергијата, самодовербата и овозможуваат добра основа за долг животен век.

Корективната гимнастика може да се примени превентивно кај лица кои се предиспонирани за некој од постуралните деформитети или пак како терапија ако веќе постојат.

Нудиме вежби за

» истегнување на целокупната мускулатура
» за зајакнување и оформување на мускулатура
» вежби за подобрување на држење на тело (исправен став)
» вежби за подобрување на координација и оддржување на рамнотежа
» вежби за подобрување на мултиплекс
» вежби за ослободување од мигрена
» вежби за намалување на деформитетите на ‘рбетниот столб (сколиоза, кифоза, лордоза)
» вежби за подобрување на состојбата како што е :
» дископатија
» дискус хернија
» спондилоза
» ишијас и многу други состојби

Цели

Специјално дизајнирани цели на Корективна Гимнастика Позитива придонесуваат за:
-Развој на мускулите и коскеното ткиво
-Совршенство на координација и моторни вештини
-Развивање правилно држење на телото
-Корекција на функционални физички деформитети
-Контрола на тежината
-Подобар квалитет на животот.

Видовите на масажа кои се на располагање се креирани според групите на клиенти во нашата компанија. Групата на масажи кои што ние ја нудиме може да биде серии на медицински масажи и серии на релакс и естетски масажи.

Медицински масажи

Од серијата на медицински масажи нудиме:

» медицинска масажа на цело тело
» медицинска масажа на грб
» медицинска масажа на нозе и лумбална кичма
» медицинска масажа на врат,раце и глава
» тибетанска масажа
» лимфна дренажа
» спортска масажа

Релакс масажи

» релакс масажа на цело тело
» парцијална релакс масажа
» лицева масажа (превенција од брчки и стареење)
» мадеротерапија (ослободување од целулит)

Искусете ја моќта на нашите масажи: медицинска масажа која ги намалува болните точки во телото и ја подобрува циркулацијата, како и релакс масажата која ве ослободува од напнатоста и стресот и ви нуди посебно чувство на опуштеност.

МОЌТА НА НАШИТЕ МАСАЖИ

Други третмани кои што ги нудиме се:

» миофасцијален третман (вид на истегнување на обвивката која што го опфаќа цело тело и ги отстранува меморираните трауми креирани во текот на нашиот живот)
» кинезиотејпинг (Kinesio Taping е техника на лепење на “Kinesio Tex” ленти ,кои се дизајнирани да го забрзаат процесот на природно лекување на организмот, обезбедувајќи поддршка и стабилност на мускулите и зглобовите, без нивно ограничување)
» кавитација (кршење на целулитот и исфрлање преку уринарни патишта)